Димитриев и Пешевски на средба со стопанственици од Пробиштип

Кандидатот за пратеник во Изборната единица 3, Емил Димитриев заедно со Владимир Пешевски, денеска остварија средба со стопанствениците од Пробиштип и ги презентираа мерките и проектите од новата изборна програма „Реално“.
-Повторно користење на кредитната линија од Европската инвестициона банка со нови 100 милиони, од веќе искористените средства ќе се употребат за нови проекти со понатамошна активност за привлекување инвестиции, дел од нив и во економската зона во Пробиштип, да потсетиме и на успешното рестартирање на рудникот кој што беше еден период во застој, но Владата успеа да пронајде решение, истакна Пешевски и потенцираше дека продолжуваат политики на Владата со кои ќе се направат нови инвестиции и ќе се отвораат нови работни места.

Димитриев истакна дека новата програма „Реално“ нуди многу можности за проширување на бизнисите и отворање на нови бизниси.

-Ние редовно комуницираме со бизнис заедницата од Пробиштип, доста проекти во изминатиот период сме правеле во заедничка соработка и уште многу големи проекти се превидени во новата програма и ова е добра прилика да ги споделиме овие информации. Програмата нуди многу можности за проширување на бизнисите и отворање на нови бизниси. Разговараме со бизнис заедницата бидејќи нашата намера е мерките што ги нудиме како Влада да бидат искористени од бизнис заедницата, потенцираше Димитриев.
На крајот тој истакна дека продолжуваат и понатаму редовните контакти со бизнис заедницата од Пробиштип.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сотирис Минас, поет од Грција
-

Хуманитарен пикник на „Алкалоид” – 2,2 милиони денари за Клиниката за детски болести „Козле”
-

ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер со владината реконструкција
-

Мицкоски ја бара ЕУ на масата со Бугарија
-

„Дозволуваме поединци да се богатат со уништување на нашето богатство“, велат од „Анима Мунди“ за ловот на дивеч
-

Епидемијата на западно-нилска треска активна – 10 хоспитализирани, двајца на Интензивна
-

Македонската песна „Што ми е мило, ем драго“ стигна до Холивуд, употребена е во филм со актерите Метју Меконахи и Курт Расел
-

Сотирис Минас ја промовираше книгата „Раскинување на договорот“
