-->
-->
Дијаспората ќе има свои пратеници!
-->
Голема и значајна победа во име на македонската дијаспора извојува преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ после маратонските преговори со останатите три големи партии водени од Питер Ванхојте.И покрај опструкциите кои ги правеа претставниците на ДУИ и ДПА, а особено лицемерниот однос на преговарачкиот тим на СДСМ, стотиците илјади Македонци кои живеат надвор од границите на својата татковина ќе добијат свои претставници во Собранието на Република Македонија на изборите кои ќе се одржат во април 2016-та година.
ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати го обвини СДСМ дека само декларативно се залага за правото на глас на дијаспората, а на секој начин се обидува да го обезвредни значењето на сите Македонци кои живеат на сите континенти.
Овој став на владеачката партија беше поткрепен со привидната поддршка на Зоран Заев и СДСМ кон можноста за гласање на дијаспората, цело време цинично забележувајќи дека Заев и СДСМ нема да дозволат „ВМРО-ДПМНЕ да води со 3:0 од старт“ мислејќи на досегашните резултати од гласањето на дијаспората кои 100% беа во корист на владеачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ извојува огромна победа не за себе туку за дијаспората, за нивното право на глас и за нераскинливоста на врската која Македонците ја имаат со својата матична земја без оглед каде и да се наоѓаат, во ниту еден момент не откажувајќи се од нив и од нивното значење за Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ниту еден сведок не дојде на денешното судење за пожарот во кочанската дискотека
-

Ректорите на сите државни универзитети дадоа поддршка за новиот закон за високо образование
-

Во Штип 503 ученици ќе полагаат матура според строги критериуми
-

Се решава проблемот со туристичките водичи
-

Преглед на вестите од светот
-

Инцидентот во синагогата е аларм за државата, службите треба да ги обезбедат сите витални објекти
-

Масакр во училиште во Турција, 14-годишен ученик усмрти соученици и наставник
-

Средба Муцунски-Прево: Билатералните прашања не треба да го блокираат процесот на проширување
