Македонија
20. December 2025 - 9:32

Дигитален асистент на веб-страната на Собранието за лица со попреченост

На официјалната веб страница на републичкото Собрание се интегрирани напредни технологии за пристапност кои гарантираат полесна и еднаква употреба за лицата со попреченост, соопшти денеска собраниската прес-служба.

Оттаму посочуваат дека дигиталната платформа на Собранието сега нуди механизам што го олеснува пристапот за лицата со визуелни, моторни и когнитивни попречености, правејќи ги парламентарните информации поразбирливи, полесни за навигација и поблиски до граѓанинот.

- Оваа инвестиција, која е во согласност со Европската директива EN 301 549 и стандардите WCAG 2.1  ги следи најдобрите практики на дигиталното управување и почитување на човековите права. Затоа, тоа не е само техничко подобрување, туку јасен израз на заложбата кон транспарентност, дигитализација, граѓанска вклученост и пофункционална демократија. Кога информациите се достапни, институциите стануваат поотворени и доверливи, се вели во информацијата. 

 

МИА