-->
-->
Девојките се подготвени за квалификациите за ЕП
-->

Во четврток, 22. ноември, женската фудбалската репрезентација на Македонија во натревар против Исланд ги започнува квалификаците за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година.
Пет дена подоцна, на 27. ноември, избраничките на Ванчо Балевски ќе одиграт уште еден натревар во групата 1 против селекцијата на Шкотска. Двата натреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток во 13.30 часот.
По ждрепката одржана во Нион, нашиот национален тим за противници ги доби селекците на Исланд, Шкотска, Белорусија и Словенија. По воведните два натревари следи едномесечна пауза, по што ќе бидат одиграни и натпреварите со Белорусија на домашен терен и Шкотска и Словенија на гости.
„Не очекува тежок натревар. Исланд веќе имаат одиграно средба со Белорусија и истата ја добија со 2-0. На овие натревари ќе настапиме со подмладен состав. Поради повреда ќе недостасуваат четири фудбалерки. Во овој квалификациски циклус сите не сметаат за аутсајдери. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот и дека сите повикани фудбалерки ќе ја оправдаат довербата“, истакна селекторот Ванчо Балевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бигорски манастир со традиционално одбележување на Илинден
-

Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден има вредност ако градиме подобра иднина
-

Иран предупреди на одлучен одговор на нови американски напади
-

Трамп ги откажа планираните напади врз Иран, се повикува на дипломатски напредок
-

Три лица загинаа во експлозија до кафуле во центарот на Москва
-

Сиљановска-Давкова: Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници на славните предци
-

Мисајловски: Илинден е темелот на современата македонска држава
-

Македонија ги одбележува двата Илиндена - најзначајни настани за македонската државност
