-->
-->
Девојка (20) повредена во тешка сообраќајка во Козле
-->

Вчера вечер околу 23.55 часот на крстосницата од ул. „Козле“ со ул. „Миле Поп Јорданов“ во Скопје дошло до судир помеѓу патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ѓ. (20) од Скопје и патничко возило „Сеат Атека“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.К. (38) од Скопје.
Од судирот со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „Фиат Пунто“, Н.С. (20) од Скопје.
Таа била пренесена и задржана на лекување во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“-Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
