Детски бадникови поворки во пресрет на Божик
Во Скопје и во уште неколку градови во Македонија денеска се организираат детски бадникови поворки како предвесник на утрешниот христијански празник Рождеството Христово – Божик.
Децата учесници во бадниковите поворки ќе ја пејат песната „Вечниот Бог“ и ќе носат пригодно изработени пештери на кои е претставено Рождеството Христово и ѕвезди што ја симболизираат ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус.
Идејата за овие бадникови поворки потекна од свештенството на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, а целта е да се возобнови древната традиција на правилно празнување на Бадник во духот на православното предание, наместо коледарските посети на домовите и пеење пагански песни.
Децата учесници во бадниковите поворки во придружба на своите родители и роднини во 11 часот ќе се соберат на платото пред црквата „Св.Димитриј“ во Скопје, каде ќе се одржат Божикен концерт и Божикна претстава.
На Божикниот концет ќе настапат Елена Ристеска, Влатко Лозаноски, Викторија Лоба, Тамара Тодевска, Некст Тајм, Димитар Андоновски, Љубојна и Златно Славејче, а на Божикната претстава „Најдобриот подарок за Божик“ Снежана Коневски – Руси, Дејан Лилиќ и креативниот центар Тинтири Минтири.
Манифестацијата пред „Св.Димитриј“ ќе заврши во 12 часот, по што присутните деца ќе бидат поканети да ја оформат најголемата Бадникова поворка во Македонија, и со песна да се упатат кон Соборниот храм каде пред специјално поставена голема Божикна пештера, ќе бидат дарувани и со божикни пакетчиња.
Во исто време, Бадникови поворки на радоста, во кои децата на свечен начин ќе го најавуваат Христовото Раѓање, ќе се одржуваат во уште 34 населени места низ земјата, и тоа во Битола, Охрид, Прилеп, Струга, Тетово, Крушево, Ресен, Кичево, Радовиш, Велес, Штип, Струмица, Гевгелија, Валандово, Кавадарци, Куманово, Гостивар, Пробиштип, Свети Николе, Кривогаштани, Демир Капија, Неготино, Богданци, Вратница, Виница, Кочани, Делчево, Дебар, Ростуше, Велгошти, Брвеница, Беловиште, Старо Село и Рогачево.
Ново на Сител
-

Во Швајцарија денеска се одржува референдум за ограничување на бројот на жители на 10 милиони
-

Илјадници луѓе во Рим на сопернички анти и промиграциски демонстрации
-

Сиљановска - Давкова: Се обидов со најдобра намера да воспоставам контакт со опозицијата да објаснам дека дома мора да сме едногласни
-

ОН: Мај беше најсмртоносниот месец за украинските цивили од почетокот на војната
-

Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД
-

Аксиос: САД и Иран денеска на виртуелен состанок електронски го потпишуваат новото примирје
-

Зеленски: Украина е подготвена да отвори шест кластери за интеграција во ЕУ
-

ИРГК: Договор со САД денеска нема да се потпише

