Детали за сообраќајката близу Гостивар

Во сообраќајната несреќа која попладнево се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево кај „Здуњски мост“ загинало едно лице, а повреден е возач на камион. По тричасовниот прекин, заради увидот, сообраќајот на оваа делница повторно е нормализиран.
Од СВР Тетово информираат дека несреќата се случила попладнето во 13 часот. Во неа учествувале автомобил „БМВ“ со гостиварски регистарски таблици и камион влекач со приколка со тетовска регистрација.
- Во несреќата на самото место починал А.Н. (56) од Неготино-Полошко, кој го управувал автомобилот. Возачот на камионот, В.Б. (39), се здобил со телесни повреди и е згрижен во гостиварската општа болница, изјави за МИА Марјан Јосифоски портпаролот на СВР Тетово.
При сударот, камионот речиси целосно извртел и излетал од патот и и надвиснал над мостот. Од сударот, автомобилот е целосно уништен.
До почетокот на увидот на јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, сообраќајот на оваа магистрала беше во прекин.
Ново на Сител
-

Зеленски ги обвини американските претставници за непочитување на Украина
-

Труење со заостанати велигденски јајца во Кавадарци, докторите апелираат на внимателност
-

Ливит: САД никогаш не биле поблиску до постигнување договор со Иран
-

Одбележување на Националниот ден на мигрената под мотото „Мигрената е повеќе од главоболка“
-

Во Собранието ќе заседаваат две комисии, сесија на Комисијата за европски прашања
-

Без вода и струја неколку улици во Скопје
-

Променливо облачно со дожд
-

РК Вардар во ретро дресови ќе го прослави 65 роденден
