-->
-->
Десетици училишта во Јужна Кореја повторно затворени поради ученици заразени со коронавирусот
-->

Училиштата во јужнокорејскиот град Инчон повторно се затворени откако двајца ученици биле позитивни на коронавирусот.
Десетици училишта во градот западно од Сеул повторно се затворени, само еден ден откако беа отворени.
Училиштата во кои учеле заразените ученици веднаш ја откажале наставата, а 66 училишта во градот биле отворени и затворени во рок од два часа, како мерка на претпазливост сè додека не заврши потрагата по нивните контакти.
За овие случаи се верува дека се поврзани со неодамнешното ширење на заразата во ноќните клубови во Сеул. Досега се пријавени вкупно 196 случаи на коронавирус поврзани со кластерот на ноќните клубови.
Датумите за повторно отворање на училиштето сè уште не се објавени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Астронаутите од мисијата ,,Артемис 2" безбедно се вратија на Земјата
-

Клучни преговори САД–Иран во Исламабад
-

Мицкоски: Идната недела пониски цени на горивата
-

Скок на инфлацијата во Март – највисок во последните 2 години
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
