Десет години од работата на Американското катче во Тетово

Со свеченост на која присуствуваше американскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли денеска беше одбележана десетгодишнината од работата на Американското катче во Тетово.
- Самата бројка од околу 7.000 членови и најмалку 40 настани месечно се своевиден показател дека американското катче во Тетово како резултат на залагањата на луѓето од оваа заедница е значаен придонес во дијалогот, размената на знаења и учење помеѓу луѓето од двете земји од различни сфери на животот и работата, рече Бејли.
Според него, американското катче во Тетово е место за информирање, отвореност и контакт, а сето тоа е направено во соработка со општината, Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“, двата универзитета како и средните и основните училишта во градот но и од Гостивар и Кичево.
Раководителот на катчето Гзим Сулејмани посочи дека за овој период биле реализирани над 5.000 активности а катчето било посетено од 150 илјади посетители.
- Американското катче е место за добивање знаења, размена на култури и пријателство како и ширење и запознавање со американскиот дух и зацврстување на пријателството помеѓу американскиот и народот во Македонија, рече Сулејмани.
Градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи посочи дека работата на американското катче им овозможува на децата, младите и возрасните од Тетово и пошироко на заеднички јазик и во своевиден американски дух да споделат заеднички универзални вредности за правата и еднаквоста.
Директорот на Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ Хаки Фазлиу рече дека првата деценија од работата на американското катче им овозможила на сите жители на регионот да се запознаат со историјата, културата и јазикот на американскиот народ но и да го усовршат својот англиски јазик.
На свеченоста присуствуваат и ректорите на Универзитетот на југоисточна Европа во тетово Замир Дика, ректорот на Државниот универзитет во Тетово Вулнет Амети, државниот секретар во Министерството за култура Валмир Азири и повеќе ученици и граѓани од западниот дел на Македонија.
Ново на Сител
-

Почната е постапка за јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
-

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден
-

Кривична пријава за повеќе лица и две фирми од Гостивар, граделе без дозвола и фалисификувале документи
-

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, дел ќе се враќаат со чартер летови, дел со владиниот авион
-

Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
-

44-годишник загина откако со возилото излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово
-

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО
-

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина
