Дерковски: Сум зборел на телефон со многу луѓе, од мене барале нешто, но сум постапувал по закон

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски, чие име денеска се слушна во судницата во Кривичниот суд во еден од разговорите што беа презентирани поврзани со предметот „Титаник“, изјави дека секогаш работел во согласност со позитивните законски прописи и дека не знае точно за кој и за каков разговор станува збор бидејќи се уште ги нема материјалите.
- Да, слушнав и јас дека се спомнало моето име. Не сум чул, не сум преслушал, не сум видел како точно тоа било... Меѓутоа, можам да ви кажам дека во изминатите години сум се слушал со многу луѓе на телефон, сум зборувал, и луѓе барале од мене нешто и секакви идеи постоеле, меѓутоа јас можам да кажам одговорно дека секогаш сум постапувал согласно позитивните законски прописи. И сигурно сум постапил и сигурно сум постапил и тогаш кога од мене се барало можеби нешто што не е во согласност со законот, рече Дерковски.
Ова, според него, нема да има никакво влијание врз неговата работа во ДИК.
- Кај мене воопшто нема влијание во мојата работа во ДИК, а доколку имал некој таква намера тоа е негов проблем. Значи, на мене не може да влијае затоа што јас во текот на мојот цел работен век работам, функционирам почитувајќи ги законите на Република Македонија и ќе продолжам така, а кои се намерите не би навлегувал. Се работи за судска постапка и не е добро да коментираме, рече Дерковски.
Ново на Сител
-

Сали од Брисел: Силна посветеност за унапредување на македонската евроинтеграција и спроведување на клучните реформи
-

Тошковски: Човечкиот живот нема цена – МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот
-

Идната недела ќе се знае кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“
-

Гаши: Односите со Ватикан се беспрекорни, клучни столбови на кои се темелат се Кирил и Методиј, како и Мајка Тереза
-

Министерство за транспорт: Поништена јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи
-

Ѓорѓиевски најавува трансформација на Скопје, експертите укажуваат - да се реафирмира културата на градот
-

Уапсен велешанец, пијан оштетувал паркирани автомобили
-

Избегната трагедија во Драчево: Зрно од огнено оружје погодило малолетник во училишен двор
