Денови на турската култура во Штип

Со театарската претстава „Слуга на двајца господари“, во понеделник во Штип почнуваат Деновите на турската култура.
Како што информира директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Миле Вртеовски, до 25-ти април, покрај театарски претстави, ќе се одржат и проекции на два турски филма, како и промоција на турската поезија.
- Деновите во кои ќе се промовира културата на одредени држави ќе стане пракса за Центарот за култура „Ацо Шопов“. На овој чекор се одлучивме, бидејќи во Штип има над 3.000 студенти од Турција, а во Штип живеат и голем број лица од турската заедница. Покрај турските денови, во иднина се планираат и денови кои ќе бидат посветени на балканските и на другите европски народи, рече Вртеовски.
Тој за вторник ја најави претставата „Прометеј“ во режија на Дејан Пројковски, а премиерата на претставата „Суд“ од Коле Чашуле, во режија на Дамјан Читкушев, е закажана за 22 април на сцената на Народниот театар - Штип. Проектот е финансиран од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
