Денеска врнежи, утре студено време

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои претпладне ќе бидат застапени во западните делови, меѓутоа до крајот на денот ќе се прошират насекаде. На планините и на некои повисоки места до вечер врнежите ќе поминуваат во снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и јужните делови особено кон крајот на денот можно е да паднат и до 20 л/м2 воден талог. Попладне и во ноќните часови ќе дува засилен северозападен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч., што ќе предизвика нагло опаѓање на температурата на воздухот.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од шест до 15 степени.
Во Скопје ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 11 степени.
Во петок времето ќе биде променливо облачно, ветровито и студено. Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од еден до осум степени.
За време на викендот се очекува стабилно и посвежо време.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-

Марш за Ангелите во Кочани
-

Со термални камери општините од струмичкиот регион ќе ги детектираат потпалувачите на депонии
-

Владата утре ќе ја намали акцизата и ќе го задржи ДДВ на 10 отсто кај горивата
-

Мицкоски: СДСМ се однесува како локална организација на бугарска партија
-

МОН најде приватен институт во обложувалница, со два душеци и две столчиња
-

Тече конкурсот за упис во средните училишта, најмногу место има за ученици во средните стручни училишта
-

Третманот со ефикасна терапија го зголеми бројот на преживеани на Oнкологија
