Денеска умерено облачно - Викендов повторно пекол

Времето во Македонија претпладне на места ќе има зголемена облачност, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој уште од изутрина ќе започне во северните делови, а преку денот особено ќе се чувствува вдолж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Уште од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени
Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои за време на викендот на југоистокот од земјата ќе достигнуваат 36 степени. Многу топло ќе биде и на почетокот на работната недела.
Ново на Сител
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
-

По Аеродром, нови пријави за насилство врз малолетници во Центар и Карпош
