Денеска облачно и врнежливо време

Времето во Македонија ќе биде значително облачно со повремени врнежи од дожд, особено во претпладневните и пладневните часови.
Повеќе врнежи се очекуваат во северните делови од земјава, а во останатите ќе има и сончеви периоди. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималните температури ќе се движат од 6 до 12, а максималните од 14 до 24 степени.
Во Скопје претежно облачно со повремен дожд и со умерен северозападен ветер. Тeмпературата ќе достигне до 19 степени.
Значително облачно со повремени врнежи од дожд ќе биде и утре, особено во западните делови од земјава. Ќе дува умерен северен ветер. Во среда претпладне на запад се уште ќе има услови за локален дожд, а во останатите делови ќе биде посончево. Од четврток времето ќе биде стабилно со значителен пораст на температурата и со умерен јужен ветер.
Ново на Сител
-

Претседателката ги додели наградите Women in Tech
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
