Денес времето облачно со повремен дожд, а на планините снег
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во северните делови. На планините на северозапад ќе врне снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени Целзиусови.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре и в понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи и засилен ветер (локално над 15л/м2 за 24 часа). На планините врнежите повремено ќе бидат од снег, особено утре и во понеделник. Од вторник времето постепено ќе се стабилизира и температурите ќе бидат во пораст.
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
