Денес времето облачно со дожд и снег на планините

Времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Претпладне ќе дува умерен јужен, а попладне засилен северозападен ветер, особено вдолж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. Околу пладне и попладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Кон крајот на денот во повисоките делови од котлината врнежите ќе преминуваат во снег. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната ќе достигне 7 степени.
Утре ќе настапи стабилизација на времето, но се уште ќе дува засилен северозападен ветер, особено претпладне и вдолж Повардарието, па преку денот ќе се задржи постудено. Потоа до недела ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура, посочуваат од УХМР.
Ново на Сител
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа
-

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол
-

Андоновски: Реализирано ветувањето за Центар за услуги во Прилеп
-

Син ѝ се заканувал на мајка си во филијала на банка во Неготино и нападнал полициски службеници
-

Во Љубљана протест за излегување на Словенија од НАТО
-

Среде ноќ испразниле цел банкомат во Веро Џамбо | ФОТО
