Македонија
11. October 2016 - 13:41

Денес и утре неработни денови

 
Министерството за труд и социјална политика информира дека според Законот за празниците на Република Македонија („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 11 октомври 2016 година (вторник), Денот на народното востание, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.
 
 Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на народното востание на граѓаните на Република Македонија.
 
Првиот ден на Јом Кипур -12 октомври е неработен ден за граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. 
 
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на еврејската заедница во Република Македонија им го честита празникот.