Денес е светски ден за заштита на животните
Секоја година на 4 октомври се одбележува Светскиот ден на животните. Се одбележува на Денот на Свети Франциск, заштитник на животните. Одлуката за тоа беше донесена во 1931 година на Меѓународниот конгрес на приврзаници на движењето за зачувување на природата во Фиренца, Италија.
Целта на Светскиот ден на животните е да се подобри односот кон животинските видови низ целиот свет преку обезбедување поддршка за поединци, групи и организации за заштита на животните.
.Во светот има над 40 000 загрозени видови.
Според Комитетот на ООН за заштита на животните и природата, најмалку 100 видови животни исчезнуваат секој ден поради ловокрадци заради профит.
Меѓу најкритичните видови, кога станува збор за загрозени видови се џиновските панди, тигри, морски желки, големи примати, слонови и носорози.
Активистите за заштита на животните предупредуваат дека дури и во најразвиените земји во светот има „срамни исклучоци на загрозување на животните“ и тие го наведуваат примерот на шпанската борба со бикови и англиската традиција на лов со кучиња, што е забрането.
Негативни примери вклучуваат кинески фарми со мечки, кои се чуваат за медицински цели, нехуман лов за извоз на морски желка во Индонезија и Јапонија и низа други закани за преживување на животните. Особено внимание се посветува на заканата за тигрите, кои се делумно изумрени.
Ново на Сител
-

Убиена 48 годишна жена од село Таор, осомничен поранешниот сопруг кој ја пријавил за исчезната
-

Тема на денот со Билјана Кузмановска, национален координатор за трансплантација
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
