Ден на италијанската технологија за обработка на дрво и мебел

Пет водечки италијански производители на технологија посветена на најновите практики, опрема и технолошки иновации за сушење масивно дрво и за различни компоненти машини ќе се претстават во Скопје на „Денот на италијанската технологија за обработка на дрво и производство на мебел“.
Организатори се Агенцијата ИЧЕ-Оддел за промоција на економската соработка при Амбасадата на Република Италија, во соработка со АЧИМАЛ (Асоцијација на италијански производители на машини и опрема за дрвна индустрија) и КДИ (Кластерот за дрвна индустрија на Република Македонија).
Според програмата, настанот ќе го отвори италијанскиот амбасадор во Македонија Ернесто Масимино Белели и директорот на Агенција ИЧЕ за Македонија и Бугарија Чинција Бруно. Италијанската индустрија за технологија и машини за преработка на дрво и предностите на брендовите „Маde in Italy“ ќе бидат претставени од Пиетро Борони, претставник од ACIMALL- Асоцијација на италијански производители на технологија и опрема за преработка на дрво.
Во рамки на настанот ќе бидат презентирани и можностите за финансирање во индустријата за преработка на дрво и производство на мебел преку Агенцијата ИПРАД, која обезбедува финансиски средства во максимален износ од 1 милион евра по проект (максимум 65 oтсто од вредноста на проектот). Финансирањето е предвидено за микро и мали компании од секторот дрво и производство на мебел, чиј број на вработени не надминува 50 лица со максимален годишен обрт до 10 милиони евра.
Предвидена е и презентација и од страна на САЧЕ (Финансиска агенција на Владата на Италија за кредитирање на извозот), која обезбедува осигурување од ризици при наплата од странство, за италијански компании кои извезуваат во странски земји, овозможувајќи на тој начин поголема ценовна конкурентност на италијанските производи.
На презентацијата ќе учествуваат 30-ина македонски компании од секторот преработка на дрво и производство на мебел.
Со производство во вредност од 1.8 милијарди евра во 2015 година и извоз во вредност од 1.4 милијарди евра, Италија е втора по големина земја-производител и извозник на машини и технологија за дрвна индустрија и производство на мебел. Италијанската индустрија во овој сектор брои 270 компании и 9.000 вработени.
Според податоците од Државниот завод за статистика, македонската индустрија за преработка на дрво и производство на мебел има околу илјада мали и микро претпријатија и вработува 6.400 лица. Преовладуваат компаниите специјализирани за производство на тапациран мебел кои во минатата година извезле мебел во износ од 130 милиони евра, што е значителен пораст во споредба со претходните години: 76.4 милиони евра во 2014 и 49.2 милиони евра во 2013 година. Од друга страна, според статистиката, увозот на мебел се зголемува со многу поскромна динамика: 44 милиони евра во 2015, 48.9 милиони евра во 2014 и 34 милиони евра во 2013 година, што укажува на поголема ориентираност на македонските потрошувачи кон домашните производи.
Ново на Сител
-

ЕК: На над 27.000 лица им е одбиен влез во ЕУ преку новиот систем за гранична контрола
-

Средба Мисајловски-Милер во Вашингтон: Инвестирањето во одбранбените капацитети останува наш врвен приоритет
-

Природно од Преспа со Билјана Петровска Митревска | Неформално | Sitel Podcast 144
-

Над 16 000 македонски државјани заминале преку „Богородица“ и „Табановце“ за едно деноноќие
-

Групна тепачка на млади девојки на подрачјето на Карпош, употребени и тврди предмети
-

65-годишен маж пронајден починат во лифт во објект на Бит Пазар
-

Кривична за лице од скопско, неовластено влегувал во воени објекти и правел скици од истите
-

На различни локации во Скопје уапсени 7 дилери на дрога, меѓу нив 18-годишна девојка
