Демонстрантите најавија останување на барикадите во Цетиње
Противниците на устоличувањето на црногорско-приморскиот митрополит Јоаникиј во Цетински манастир најавија дека ќе останат на барикадите цела ноќ односно се додека Српска православна црквца не се откаже од церемонијата во Цетинскиот манастир.
Демонстрантите сооштија дека ќе ги спречат српскиот патријарх Порфириј и митрополитот Јоаникиј да пристигнат во Цетиње. Се поголем број на луѓе се упатуваат кон центарот на градот. Демонстрантите денеска го блокираа патот Цетиње – Подгорица. Тие исто така се блокирани и сите приоди кон Цетиње, истурајќи шут, камења, и поставија автомобилски гуми и контејнери. Денеска беше блокиран и патот кон Будва, со цел да се спречат граѓаните од Херцег Нови и од Тиват да присуствуваат на вечерашната литургија што се одржа пред Храмот на Христовото воскреснување во Подгорица.
Демонстранти соопштија дека ќе ги запалат автомобилските гуми што се поставени на барикадите, ако полицијата се обиде да ја отстрани блокадата. Претходно на кружниот тек во Цетиње демонстрантите се судрија со полицијата.
Црногорската полиција соопшти дека безбедносната ситуација во Цетиње е неповолна и ризична. Во Цетиње претходно пристигна претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ. Претходно, црногорските медиуми повикувајќи се на неофицијални информации објавија дека премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ ќе побараат од патријархот Порфириј и митрополитот Јоаникиј да го преместат устоличувањето од Цетиње во Подгорица поради наводни можни инциденти. Додека митрополитот Јоаникиј изјави дека устоличувањето ќе се одржи во Цетинскиот манастир, како и дека превозот до Цетиње ќе биде организиран во договор со полицијата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Златко Кузманов, експерт за безбедносни политики
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
