Демирташ со повик до ПКК и турската Влада за прекин на насилствата

Лидерот на прокурдската партија во Турција, Селахатин Демирташ ги повика денеска ПКК да го „тргнат прстот од чкрапалото“, а Владата да запре со бранот насилства и отпочнување дијалог.
Демирташ лидер на Народната демократска партија се обрати откако шест луѓе загинаа во судири на силите за безбедност и бунтовници на југоисток во државата, претежно населен со Курди.
- Денеска ги повикувам двете страни - ПКК мора веднаш да го тргне прстот од чкрапалото и да објави дека ќе почитува прекин на огнот, нагласи тој на прес конференција во Ван.
Демирташ додаде дека Владата мора да ги запре безбедносните акции и да соопшти дека е подготвена за дијалог.
Насилствата се случуваат во момент на политичка нестабилност во Турција каде коалиција треба да биде формирана, што ги зголемува можностите за предвремени избори.
ПКК во средината на јули соопшти дека ќе ги засили нападите оти турските сили го кршат примирјето. Насилствата ескалираа кога Турција бомбардираше кампови на ПКК на север во Ирак на 24 јули.
Ново на Сител
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
-

Во Србија во крајот на јуни најавени големи митинзи на владејачката СНС
