Делови од извештајот за Македонија на Стејт департментот за почитување на човековите права

Стејт департментот го објави извештајот за човековите права за 2017 година во кој за Република Македонија забележува дека Законот им овозможува на обвинетите да комуницираат со адвокат по свој избор, но властите не секогаш ги информирале притворените лица правилно за тоа право и не секогаш им дозволуваат да се консултираат со адвокат пред да се поднесат жалба.
- Постојат случаи кога полицијата повикала осомничени и сведоци во полициските станици на „информативни разговори" без да ги извести за нивните права и без присуство на правен советник, се вели во извештајот.
Извештајот нотира дека Народниот правобранител добил две жалби за произволно апсење, а голем број случаи на високи лица од претходните години не се решени поради континуирани одложувања на судењата.
- Судството не покажа независност и непристрасност, а судиите се предмет на политичко влијаниеи корупција. Резултатите од многу судски постапки се појавија предодредено, особено во случаите кога обвинетите имале ставови или презеле дејства против владата, стои во извештајот на Стејт департментот.
Несоодветното финансирање на судството продолжува да ги попречува судските операции и ефективноста.
Според годишниот извештај на Народниот правобранител за 2016 година, вториот најголем број граѓански претставки (577 или 15 проценти) што ги примаше правобранителот се однесуваше на судскиот систем. Заклучно со септември, народниот правобранител примил 363 претставки во врска со судскиот систем, се наведува во извештајот на Стејт департментот за човековите права во Македонија.
Ново на Сител
-

ЦУК: Граѓаните да не патуваат кон тетовско Бањиче поради свлечиште
-

Трамп: „Секогаш ќе бидеме тука за НАТО, дури и ако тие нема да бидат тука за нас“
-

Вучиќ најави вонредни избори во октомври, ноември или декември
-

ЦУК: Поради поплави се евакуираат жители на дел од Кичево, одрони на патните правци Гостивар–Стража и Тетово–Бањиче
-

Божикната вечер ќе биде дождлива, а на планините ќе паѓа снег
-

Нападната 52-годишна жена во Аеродром
-

Приведен 36-годишник, физички ја нападнал неговата партнерка
-

Снегот предизвика блокади, прекини и застои во сообраќајот во Белгија и Холандија
