Делегација на Царината на конференција во Италија

Делегација на Царинската управа на Република Македонија предводена од директорот Наташа Радеска Крстевска, денеска во Трст, Италија, учествуваше на конференција за Системот за електронска размена на податоци (SEED Mainteinance II project). На конференцијата присуствуваа генералните директори и претставници од cаринските управи од регионот и релевантни претставници на Европската Комисија.
Проектот SEED Mainteinance II project финансиран од Европската Комисија и предводен од Царинската администрација на Република Италија завршува на 15 Јули 2016 година.
Апликацијата за системска размена на податоци е наменета за размена на податоци по електронски пат меѓу царински администрации на две соседни држави во реално време и има огромно значење при секојдневното работење на царинските службеници од граничните премини за превенција на шверц, криумчарење, корупција и осигурување точна пресметка и наплата на увозните давачки.
За време на конференцијата, на тркалезни маси се евалуираа резултатите од проектот постигнати во претходните години, а беше претставена и можноста за обезбедување средства за поддршка и продолжување на одржувањето на SEED апликацијата во иднина преку New project SEED Maintenance and development, нов проект SEED одржување и развој) .
Директорот на Царинска управа на Република Македонија ги презентираше досега постигнатите резултати и развојот на апликацијата во Република Македонија и укажа на дел од идните предизвици со кои ќе треба да се соочи новиот проект за одржување и развој на Системот за електронска размена на податоци.
Ново на Сител
-

Новиот директор на ФЗО Златко Перински бара начини како да се спречи злоупотребата на долгите боледувања
-

Државата бара 41 милион евра преку издавање обврзници, опозицијата обвинува - Буџетот е празен
-

Иџе го тестираше новиот прототип болид
-

Жерновски: Владата веќе договорила прифаќање на Францускиот предлог
-

Новите авио линии го зголемија бројот на туристи
-

Жителите на Тркање обвинуваат за недостаток на вода, Општина Кочани вината ја лоцира кај нив
-

ЛДП: Семејни центри за насилство во сите општини за намалување на малолетничката деликвенција
-

Нема најави за питка вода во Гостивар, Тошковски апелира да се испушта водата од чешмите
