Македонија
28. November 2017 - 15:10

Делегација на АРМ во посета на Словачка

Делегацијата на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски од денеска престојува во официјална посета на Словачка.

За време на дводневниот работен престој во Братислава, Величковски ќе оствари средби и официјални разговори со началникот на Вооружените сили (ВС) на Словачката Република, генерал Милан Максим, министерот за одбрана Петер Гајдош и со претседавачот на Комитетот за одбрана и безбедност при националното собрание на Словачката Република.

Како што соопшти ГШ на АРМ, делегацијата ќе оствари посета и на командата за обука во Лешт и командата на тактичкиот винг на воздухопловните сили во Слиач