Дел од автопатот Миладиновци – Штип затворен за сообраќај

Автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци не е пуштен за сообраќај. На автопатот, како што информира АМСМ, се вршат проверки од безбедносен карактер.
АМСМ апелира возачите да не го користат автопатот.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.
Ново на Сител
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
