-->
-->
Дефект остави без вода за пиење дел од штипските населби
-->

Пукната водоводна цевка на булевар „Партизанска“ кај Центарот за социјални работи-Штип остави без вода неколку населби и високите зони во градот. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков за МИА вели дека екипите работат на санирање на дефектот и се очекува во попладневните часови водоснабдувањето да се нормализира.
-Дефектот настанал синоќа, наши екипи се веќе на терен и за кратко ќе го санираат. Вода немаат населбите Железничка, Пребег, дел од Осми Ноември и Ново Село, вели Здравков.
Посочи дека во рок од една недела на истата линија се случува втор дефект.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Деветти смртен случај поврзан со западно нилска треска
-

Ако цената на горивата продолжи да расте, Владата ќе разгледува нови мерки
-

СДСМ: Расте бизнис мрежата на Мицкоски
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче сака 600 евра минималец, ама не сака дата центри
-

Жетвата на ориз започна, проблемите останаа нерешени
-

Празникот Мала Богородица одбележан во манастирот во Вељуса
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
