Свет
15. February 2023 - 13:52

Дедо извлечен по 227 часа поминати под урнатините

Спасувачите во Турција успеаја да извлечат постар маж од урнатините 227 часа по разорниот земјотрес.

Ќамил Кекец (74) денес беше извлечен од уништената зграда каде што беше заробен од 6 февруари кога разорниот земјотрес ја погоди Турција.

Тој итно бил пренесен во болница и засега нема информации за неговата здравствена состојба.