Дебата за регрантирање на граѓанските организации
Дебата на тема „Регрантирање – искуства, научени лекции, перспективи и предизвици“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Граѓанскиот ресурсен центар (ГРЦ) .
Панлисти од Македонија и регионот ќе пренесат искуства, ќе говорат за перспективите и предизвиците на регрантирањето и ќе изнесат предлози за подобрување на овој механизам. Тие ќе дебатираат за влијанието на регрантирањето, пред се од ЕУ фондовите врз помалите граѓански организации, дали и колку се придонесува кон решавање локални проблеми, дали организациите делуват отчетно и транспарентно при користењето на средствата од ЕУ и дали тие средства се доделени на транспрантен начин.
Дебатата ќе ја отворат Никола Бертолини, раководител на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје и Емина Нурединоска, раководител на одделението за граѓанско општество во Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС).
Граѓанскиот ресурсен центар е дел од програмата Национален ресурсен центар за граѓанските организации, што ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка, со поддршка од Европската Унија.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара забрана насилниците да се приближуваат на 12-годишната жртва на насилството во Аеродром
-

Охриѓанец возел со 2,41 промили алкохол во крвта
-

Ограбен сеф во банка кој го имала закупено 61-годишна жена
-

Во мај 340 одобренија за градење, 229 се за високоградба, предвидени 840 станови
-

Седум лица уапсени - вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Уапсени три лица за експлозиите во Солун во кои загина едно лице
-

Безбеден град се воведува и во Дебар
-

Општина Струга подготвува Градска плажа

