Дебар ќе добие нов современ градски пазар

Во низата проекти кои ги реализира локалната власт во Дебар со цел подобрување на условите за живот и унапредување на урбаната средина е и изградбата на новиот градски пазар.
Според раководителот на секторот на урбанизам при општина Дебар Петрит Пачуку, реализацијата на овој проект е во завршна фаза.
- Со реализацијата на овој проект Дебар ќе добие современ, покриен градски пазар, кој ќе биде според сите европски стандарди. Работите се во завршна фаза и многу набрзо се очекува пазарот, кој ќе располага со корисна површина од 4.500 квадратни метри да биде ставен во служба на граѓаните, вели Пачуку.
Покрај тезгите, пазарот ќе располага и со поголем број деловни простории (дуќани), како и паркинг простор.
Со новиот градски пазар, нагласува Пачуку, ќе стопанисува претпријатие кое ќе биде избрано согласно со законот.
Ново на Сител
-

Централен одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Трајко Славески, гувернер на НБРМ
-

Централен одбор на СДСМ
-

Мери Дика предлог за уставен судија
-

Продолжи судењето за пожарот во дискотеката Пулс
-

Под слоганот “Важна е културата” Халкбанк станува главен годишен партнер на МНТ
-

Државата е подготвена за итни мерки ако цените почнат да растат
-

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација
