Балкан
14. December 2015 - 18:34

Давутоглу: Турција ќе организира два референдума - за нов Устав и за претседателски систем

Турција можно е да организира два одделни референдума - за прашањето дали да прифати нов Устав и за предлогот за воведување претседателски систем на владеење во земјата, изјави денеска премиерот Ахмет Давутоглу, цитиран од БТА.

Во интервју за телевизијата „А Хабер“ Давутоглу кажа дека следната недела ќе почне разговори со опозицијата за новиот Устав и за евентуалната промена на сегашниот парламентарен систем со претседателски.

Тој посочи дека турската Влада ќе обезбеди мирни услови за разгледување на двете прашања.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повеќепати повика да се воведе извршна претседателска власт, која ќе му даде поголеми надлежности.

Опозициските партии остро се спротивставуваат на ваквата промена на системот на владеење.