Дармановиќ: Нема ништо спорно во преминувањето на Груевски низ Црна Гора

Шефот на црногорската дипломатија Срѓан Дармановиќ изјави дека во случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, Црна Гора постапувала како и со секој друг странски државјанин, бидејќи не поседувала информации дека е баран поради извршен криминал или за издржување затворска казна.
Според него, нема ништо спорно во преминувањето на Груевски низ Црна Гора на пат кон Унгарија каде што побара политички азил.
– Во времето кога одлучи да побара азил во Унгарија и кога унгарските дипломати решија да му дадат одредени услуги, Никола Груевски не беше на потерница на Интерпол, ниту Македонија имаше издадено некакви сигнали кои на другите земји би им дале до знаење дека тој е лице надвор од законот. Со самото тоа црнгорските државни органи го третираа како и секој друг граѓанин кој се наоѓал на територијата на Црна Гора во друштво на дипломати со дипломатски таблички и со сите други имунитети, изјави Дармановиќ на денешната средба со претставници на медиумите во Подгорица.
Ново на Сител
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
