Далибор Стојанов го фати крстот во водите на Кочанска Река
Триесетина православни верници скокнаа во осветените води на Кочанска Река на одбележувањето на чинот на Христовото крштевање. Најмногу среќа годинава имаше 33-годишниот Далибор Стојанов од Кочани кој успеа да го фати светиот богојавленски крст.
На кејот на реката, во близина на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани, се собраа голем број верници за да го проследат чинот на водосветот на кој чиноначалствуваше митрополитот брегалнички Иларион, во сослужение на свештеници од Кочанско.
– Веќе 14 години учествувам на чинот на водосвет во Кочани, а ова ми е вторпат да го извлечам крстот од водата. Среќен сум што успеав во намерата, а на сите граѓани им посакувам здравје, среќа и што побрзо да заврши пандемијата, истакна Стојанов.
Пригодни подароци Стојанов доби од Македонската православна црква и од Општина Кочани.
Пред чинот на осветување на водите на Кочанска Река и потопувањето на светиот крст, во православниот храм „Свети Георгиј“ се одржа света божествена литургија на која присуствуваа поголем број верници. Потоа свештениците од храмот заедно со верниците, во свечена литија, се упатија кон локацијата каде што се одржа водосветот и празничното одбележување на Водици.
Ново на Сител
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел

