Дачиќ: КФОР да ги гарантира мирот и безбедноста на Косово, одлуката на Србите е историска
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, изјави дека излегувањето на Србите од косовските институции е еден вид народен отпор заради избегнувањето на косовските власти за ја формираат Заедницата на српски општини и заради напорите за наметнување независно Косово и на неговиот север.
-Србија ќе биде одлучна да го заштити нашиот народ доколку постои безбедносна закана. Знаеме кој може да го стори тоа, тоа е Курти, изјави Дачиќ за Радио телевизија на Србија (РТС).
Министерот потсети дека КФОР се наоѓа на Косово и дека веќе нема измолкнување „ што значи или ќе постапаÑ ‚ во согласност со резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации, да го гарантираат мирот и безбедноста, или јасно ќе покажат дека повеќе не се заинтересирани за тоа, бидејќи отворено се застанати на страната на Приштина“.
Дачиќ додаде дека одлуката на Србите е „историска“ и „маските паднаа за да се види дали се уште важи бриселски договор, чие спроведување е и одговорност на Брисел“.
Српскиот министер кажа и дека „никој во Србија не верува“ дека меѓународната заедница не може да влијае на Курти.
-Ако таквите големи сили како САД, Велика Британија, Германија, Франција, Европската унија во целина, не можат да се справат со Курти, тогаш тоа ја покажува или нивната немоќ или нивната премолчена согласност дека тоа всушност го прават заедно со него, рече Дачиќ.
Ново на Сител
-

Ја терале да јаде измет од куче и ја гореле со цигари, вознемирувачко ученичко насилство во Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Македонија веќе два месеци е пример за начинот како се справува со енергетската криза
-

Мицкоски: Очекувам реконструкцијата на Универзалната сала да заврши во предвидениот рок
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје во среда поради посета на швајцарскиот претседател
-

Мицкоски: Немам и не планирам да имам друго државјанство освен македонското, ако Уставот дозволува може да се ограничи двојното државјанство
-

Дизелот поевтинува за 2,5 денара, а бензините поскапуваат за два денара за литар
-

ФИФА ќе го зголеми наградниот фонд за Мундијалот 2026
-

Јокиќ казнет со 50 илјади долари
