Д-р Караџовски: Масовните свадби ни го донесоа четвртиот бран на вирусот
Четвртиот бран на пандемијата што избувна од почетокот на август, според здравствените власти ќе го достигне својот пик кон крајот на овој месец. Претседателот на Комисијата за заразни болести, Жарко Караџовски, за Алсат изјави дека пациент со делта сој може да зарази 7 други лица и ги критикува властите дека не ги послушале нивните препораки да не се дозволуваат свадби во затворени простории во текот на летото.
„Ако тогаш имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува. Зошто ни се случува ова? Целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца ниту средства за дезинфекција и најлошото од сето - масовно групирање луѓе на мал простор. Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот постои“, изјави Караџовски.
Тој рече дека за да не се воведува карантин и полициски час по четврт пат, граѓаните треба да се вакцинираат масовно, за што е можно помалку време..
„Мерките што ги презедовме се насочени кон мотивирање на граѓаните да се вакцинираат што е можно повеќе луѓе за да се намали можноста за ширење на вирусот. Да се вакцинираат, да не одат во болница бидејќи капацитетите на нашите болници не се неограничени. Хоспитализиравме 550 пациенти низ целата земја, но во центрите за ковид имаме голем број луѓе на кои им е потребен болнички третман, имаме резервни болнички кревети. Меѓутоа, многу рано, кај нас дојде нов бран, или како што го нарекуваме, од типот на делта вирус. “, вели тој.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата, а Ленче Ристоска ќе постапуваше доколку не поднесеше оставка
-

Зголемен бројот на ученици и студенти сместени во домови и интернати
-

Жителка на неготинско Долни Дисан измамена за 49.087 денари
-

Мицкоски: Ги исполнуваме обврските од европската агенда, реформите продолжуваат и покрај блокадите на Изборниот законик
-

Кај кавадарчанец пронајдени и одземени 262 куршуми, 51 ловни патрони
-

За шест месеци на ГП „Блато“ кај Дебар минале над 778 илјади патници, што е историски рекордна фреквенција
-

Водата во Гостивар забранета за пиење
-

1.200 пациенти со повраќање, дијареја и температура побарале медицинска помош во Гостивар
