Д-р Даниловски: Веројатноста да има повеќе случаи на британскиот сој во земјава е голема
Веројатноста да има и повеќе случаи на британскиот сој е голема. Прашање е како тој го стекнал вирусот тука кај нас дома, изјави доктор Даниловски во интервју за Сител.
Доктор Даниловски вели дека вирусот кај нас многу порано изгледа дека е присутен. Огромна штета е дека заразениот со вирусот не дава податоци за контакти, а убаво би било да соопшти и да каже со кого се контактирал пред да се зарази а тој некој да патувал во странство. Во секој случај знаеме дека мутантот е меѓу нас и треба да се однесуваме буквално како да е цело време тој на страиот е ирелевантен зашто се проценува дека со оглед на брзината на распространувањенто тој многу брзо ќе предоминира во однос на стариот. Стекнатиот имунитет што веќе го имаме 45-46% е сепак некаква бариера и штити од овој мутант.
- Веројатноста е голема дека на Нефрологија се шири новиот сој на коронавирусот со оглед на појава на поголем број случаи на мал простор за многу кратко време и мислам дека е неопходно одма да се испита за каков сој станува збор, не треба многу, треба само еден примерок од заболените да се анализира, вели доктор Даниловски.
- За среќа досегашните испитувања за вакцината покажуваат дека штитат и од британскиот мутант, барем засега. Прво се мислеше дека заразноста не е поголема од 35%, а од 27 јануари проценето е дека заразноста е 50-70% поголема од онаа на оригиналниот ова може да ја влоши епидемиолошката ситуација, дневниот број може рапидно да расте, пропорционално и бројот на починати. Извештајот од Англија минатата недела покажува дека и стапката на смртност кај новиот сој е 30-40% повисока, така што колективниот имунитет се надевам ќе оневозможи поголем скок на бројките кај нас, но едно нешто е вистина дека со природен имунитет никогаш до крај не се решила ниедна епидемија или пандемија туку само со примена на вакцини, така што вакцини ни се потребни колку што е можно побрзо, додава докторот.
Ново на Сител
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
