ЦУК: Во тек е спасувачка мисија за извлекување на две лица кои паднале во бездна длабока 20 метри
![]()
Пред околу еден час на бројот 112 е добиен повик за помош на две лица кои со квадрицикл излетале надвор од земјен пат и паднале во бездна длабока околу 20 метри, по селото Алдинци во близина на вила „Принц“.
Од страна на ЦУК, како што информираа, се известени и координирани МВР, Итната медицинска помош и Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Во тек е спасувачка мисија за извлекување на двете лица кои се наоѓаат во стабилна здравствена состојба со засега неидентификувани повреди.
![]()
– На местото на несреќата е пристигната екипа на Итната медицинска помош. но поради непристапноста на теренот се чека на тимот со специјална опрема од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, што се движи кон местото на несреќата и треба да пристигне во секој момент, соопштија од ЦУК, најавувајќи дека дополнително ќе известат за секој нов момент.
Ново на Сител
-

Приведен 67-годишник од Штип, пробал со сила да бакне 16-годишна девојка
-

Медведев: Веќе нема да важат никакви правила во војната против нацистичкиот режим во Киев
-

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада
-

Мицкоски најави намалување на цената на горивата од понеделник
-

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

Десет лица повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово - Свети Николе
-

Претрес во Гостивар – пронајдена дрога, уапсени три лица
-

Лукашенко за заканите од Зеленски: Можеби нешто пушел или си вбризгал па дава такви изјави
