Цуфи Кока доби 4 месеци затвор
Јусуф Енузи-Кока е осуден на четири месеци затвор за пукањето на плоштадот „Скендербег“, додека илјадници демонстранти маршираа кон Министерството за надворешни работи, пренесува Макфакс.
Тој беше гонет за предизвикување општа опасност, каде е предвидена казна од една до пет години. Одмерената казна е под законскиот минимум. Тој останува во домашен притвор, се до правосилноста на пресудата.
„За предизвикување општа опасност се гони 40-годишен скопјанец, кој на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендербег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на групата граѓани кои учествувале на јавниот собир, обвинетиот во два наврати испукал по два куршума во воздух“, претходно информираше Обвинителството.
Пукањето на плоштадот „Скендербег“ се случи за време на протестите против францускиот предлог.
Ново на Сител
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
-

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје – можна ли е деблокада на евроинтегративниот пат?
-

Гаши е убеден оти нема да има предвремени избори, но се актуелизира Изборниот законик
