Црногорската опозиција истакна свој претседателски кандидат

Повеќето црногорски опозициски партии го номинираа економистот и пратеник Младен Бојаниќ како нивен кандидат на претстојните претседателски избори кои се закажани за 15 април, јави Танјуг.
Бојаниќ беше предложен од страна на Демократската партија и граѓанското движење УРА, а дополнително доби поддршка и од Демократскот фронт на Андрија Мандиќ и Небојша Медојевиќ. Преостанатата поголема опозициска партија, Социјалистичката народна партија, дополнително треба да се реши дали ќе ја поддржи неговата кандидатура. Со тоа, опозицијата обединета настапува против владејачката Демократска партија на социјалистите.
ОД ДПС се уште не го најавиле својот кандидат. Се очекува тоа да биде партискиот лидер, поранешен претседател и шесткратен премиер на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, но можна е кандидатура и на министеркат за одбрана Милица Пејановиќ Ѓуришиќ.
Ново на Сител
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
-

Касами: Можни се вонредни избори во Тетово
