-->
-->
Ципрас реизбран за лидер на Сириза
-->

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е реизбран за лидер на неговата левичарска партија Сириза со 93,54 проценти од гласовите на партиските делегати.
На овој конгрес на Сириза, 42-годишниот Ципрас доби 20 проценти повеќе гласови од гласањето во 2013 година.
Големо мнозинство од околу 2.700 делегати на партискиот конгрес застанаа зад својот лидер, додека критичарите го обвинуваат за предавство поради договорот со ЕУ за мерките за штедење.
- Обновата на довербата во мене е обновување на одговорност за помасовна, поколективна, поефикасна партија во тешките борби кои се пред нас, за Грција на правда и просперитет, напиша Ципрас на својот налог на „Твитер“ по објавувањето на резултатите од изборите за лидер на партијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
