Ципрас: Ги поддржувам напорите на Заев да го добие референдумот

Желба, надеж и поддршка за Зоран Заев да го добие референдумот, уште еднаш изрази грчкиот премиер Алексис Ципрас, овој пат во интервју за сервисот на грчки јазик на „Euronews“.
- Посакувам и се надевам дека овој договор ќе оди напред. Посакувам, се надевам и ги поддржувам напорите на Зоран Заев да го добие референдумот. И секако, потоа, уште потешкиот обид да најде 2/3 во Собранието, во неговиот парламент за да ја ратификува уставната промена. Ова е голема шанса за Грција, голема шанса за регионот. Решава проблем што постои со децении и според моето мислење го решава на позитивен начин за земјата, вели грчкиот премиер во интервјуто за „Euronews“ на грчки јазик.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас вели дека решението меѓу двете земји ќе добие апсолутно мнозинство во грчкиот парламент и објаснува дека Договорот од Преспа, ќе дојде во парламентот, онака како што е одредено во самиот договор „кога другата страна ќе го финализира процесот на уставна ревизија и секако кога ќе се состави протоколот за интеграција во НАТО“, за Грција да може да го ратификува и протоколот за членство на Македонија во Северно -атлантскиот сојуз.
- Овој договор ќе добие апсолутно мнозинство во грчкиот парламент. Ја почитувам и не се согласувам со позицијата на мојот коалиционен партнер, со кој имам чесна и искрена соработка и сум сигурен дека ќе ги задржи неговите принципи, така како што самиот верува, но нема да го наруши непречениот тек на земјата кон економско закрепнување и политичка стабилност, објаснува Ципрас во однос на позицијата на Независни Грци и Панос Каменос.
Во однос на можноста за предвремени парламентарни избори заедно со локалните и евроизборите во мај следната година, грчкиот премиер уште еднаш го повтори ставот дека „целта и стратегијата на владата е да го заврши четиригодишниот мандат“, а изборите да се одржат во октомври 2019.
Ново на Сител
-

Јанша по средбата со Руте: Словенија ќе ја исполни обврската од два отсто за одбрана
-

Кипарската полиција откри 260 килограми кетамин во магацин во пристаништето Лимасол
-

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија изминатите 35 години беа сопатници низ времето
-

Кратовец осомничен дека прободел со нож полициски службеник
-

За смртта на грчкиот пејач Мазонакис двајца лекари се товарат за убиство со евентуална умисла
-

Активен пожарот кај крушевско Борино, под контрола е на Јаесен и кај село Белица
-

Трамп: Украина и Русија се согласија да не напаѓаат енергетски објекти
-

Павловска-Данева: Интерпретативните одлуки се важен чекор кон развојот на современата уставно-судска практика
