Живот
25. August 2016 - 14:55

Човек со големо срце: Спаси стотици деца чии мајки сакаа да ги абортираат

Еден човек од Виетнам во последните 12 години ги спасил животите на стотина деца. Тонг Пук Пук нивните мајки ги одвратил од абортус, а за несаканите децата отворил сиропиталиште.

Се почнало во 2001 година кога неговата жена била бремена и кога отишол со неа во болница. Тогаш забележал дека бремени жени влегуваат во болница, а од таму излегуваат сами. Срцето му се скршило кога сфатил што се случува.

Три години подоцна се вратил во болница и прашал дали може да ги земе нивните мртви тела или остатоците за да им направи погреб зошто сметаа дека тие како човечки битија го заслужуваат тоа. Ја зел целата своја заштеда, купил земјиште на врвот од планината и почнал да ги погребува абортусите во минијатурни бели ковчези.

Неговата жена мислела дека тој полудел, му сфатила дека тој нема да се откаже, па му дала поддршка. Во текот на последните 12 години погребал повеќе од 10.000 мали души, а спасил и стотина деца чии мајки ги одвратил од абортус, а тие своите деца ги оставале во сиропиталиштето кое во меѓувреме го отворил.

-Ќе работам до последен здив. Се надевам дека и моите деца вака ќе продолжат да им помагаат на другите кога мене ќе ме нема, рече скромниот поранешен градежен работник и херој за многумина.

Најголем проблем му се финансиите, па отвори сметка на која прима донации. Луѓето му уплатуваат пари, а донации стигаат од целиот свет откако неговата приказна ја прочитале во весниците. 

Иако живеат скромно, љубовта меѓу него и децата кои ги спасил е неизмерна.