Членка на ЕУ ги повика граѓаните да се подготват за војна

Шведската влада ги повика локалните власти ширум земјата да ги забрзаат подготовките на плановите за можна идна војна, додека растат тензиите со Русија, изјави во петокот шведски функционер.
Локалните власти добиле писмо за ова во текот на оваа седмица, изјавил Сванте Вергер, шеф на службата за информирање на Агенцијата за вонредни состојби, пренесува Reuters.
По референдумот и присоединувањето на црноморскиот полуостров Крим на Руската Федерација, што Западот го смета за нелегална руска анексија на украинска територија и судирите во југоисточните рускојазични региони на Украина, расте загриженоста кај земјите на Балтик, вклучително и кај Шведска. А шведскиот министер за одбрана Петер Хулквист во ноември изјави дека ситуацијата и натаму се влошувала.
„Планирањето за закана од војна во практика, во голема мера изостанало од 2000 година, Барањата сега се поинакви и одредбите ќе бидат построги“, вели Вергер.
Шведска минатата година одлучи да ја зајакне цивилната заштита и споменатиот допис до локалните власти е дел од тие напори, додава.
Тие мерки ќе вклучуваат учество на градските функционери во вежби со армијата, осигурување на безбедни комуникации и проверки на засолништата, наведува споменатата агенција во дописот.
Шведска, којашто не е членка на НАТО, во последниот период ги зајакнува своите вооружени сили. Значително ги зголеми издвојувањата за одбраната и повторни распореди војска на балтичкиот остров Готланд.
Ново на Сител
-

Лани дипломирале 7 612 студенти, 27.3 проценти во областите бизнис, администрација и право
-

Ограбен велосипедист во Скопје
-

Полицаец од Битола лажно сведочел дека возилото на неговиот брат е во сопственост на МВР за да избегне казна
-

Андоновски: Оптимистичко сценарио е укинување на роаминг со ЕУ од 1 јануари 2027, рокот не зависи од нас, туку од Унијата
-

Во првиот квартал помалку бракови, а повеќе разводи
-

Негативен природниот прираст во 66 општини во првиот квартал
-

Зголемен прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во април, намален кај горивата
-

Британски лекари: Социјалните мрежи се исто толку штетни за децата како и пушењето
