Четиригодишното дете од Струмица е во стабилна состојба

Четиригодишното дете од Струмица, кое со тешки повреди беше донесено на Детската клиника во Скопје, во моментов е со стабилни витални параметри, на лекување и следење на Одделот за гастроентерохепатологија, потврди за МИА, директорката на Клиниката, Валентина Цвејоска - Чолаковска.
- Во лекувањето се вклучени и колегите од Клиниката за детска хирургија, а конзилијарно е водено со повеќе субспецијалисти од Клиниката, појасни Цвејоска - Чолаковска.
Заради состојбата на девојчето, како што додаде таа, веднаш по приемот биле известени надлежните во Министерството за внатрешни работи, како и социјални служби и јавен обвинител од Струмица, кој повика и судски вештак.
На 17 јануари, од болницата во Струмица, со возило на Итна медицинска помош и во придружба на лекар, на Клиниката за детски болести било донесено четиригодишно женско дете, како што рече Цвејоска - Чолаковска, во исклучително тешка состојба, потхрането, хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата.
- Беа забележани бројни рани по телото, кои, според изјавата на мајката, биле од напад на куче, додаде директорката на Детската клиника.
Ново на Сител
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
-

МЗ: Новото законско решение за медицински средства носи европски стандарди и поефикасни постапки
-

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност
-

Конвој танкери е забележан како го напушта Персискиот Залив и минува низ Ормуската Теснина
-

САД го продолжуваат рокот за привремен исклучок од забраната за купување руска нафта
-

Украински дронови погодија складиште за нафта во Крим, предизвикувајќи пожар
