Четириесет и две години од смртта на Јосип Броз Тито
На денешен ден пред 42 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).
Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година. Беше еден од основачите на Движењето на неврзаните, во кое беа обединети земји од неколку континенти кои не припаѓаа на ниеден од двата доминантни блока во тоа време, западен и источен блок – НАТО и Варшавскиот договор.
Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.
Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од 20 милиони луѓе.
Ново на Сител
-

Велигденски концерт на Македонската филхармонија
-

Кривичен: Намален број на поднесени приговори за „Безбеден град“, од 476 во февруари, на 65 во март
-

На Попова Шапка 77 сантиметри снег
-

Неколкумина повредени во напад врз брз воз во Германија
-

Први во регионот ќе ги исполниме задачите за ЕУ роаминг - најави Андоновски
-

Македонија за првпат домаќин на Светското училишно првенство во ракомет
-

Мицкоски на потпишување меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети
-

ОН ќе гласа за предлогот за отворање на Ормуската Теснина


