Честитка од Вељаноски по повод Рамазан Бајрам

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, по повод празникот Рамазан Бајрам.
- Со завршувањето на Рамазанските пости во најсветиот месец за Вас, верниците се насочени кон создавање на добри дела и верба дека тоа е вистинскиот пат на пријателство, единство и хармонија. Празникот Рамазан Бајрам нека ви даде поттик во овие моменти да го зацврстнете семејството и да ги продолжите верувањата и културата на идните генерации, се вели во честитката.
Овие празнични моменти, се наведува во честитката, се добра можност за изразување на заемна почит и пријателство меѓу луѓето од различна вероисповест, како и да ја пробудиме хуманоста и солидарноста која е наша вековната традиција.
- Убеден сум дека и понатаму ќе продолжиме успешно да ги унапредуваме меѓусебните односи, да ја почитуваме верската различност и да ја негуваме толеранцијата во Република Македонија. Тие ни се водилка кон просперитет, сигурна иднина и благосостојба на сите граѓани на нашата држава. Уште еднаш, Ви го честитам големиот празник и Ви посакувам добро празнично расположение, стои во честитката од Вељаноски.
Ново на Сител
-

Дневно над 200 повици во Итна помош поради топлото време
-

Ангелов и Јанчев ќе информираат за состојбата со пожарите во Кавадаречко
-

Двајца малолетници и скопјанец осомничени за крвничкото тепање во Гостивар
-

Седница на Главниот штаб за кризи посветена на состојбата со водата во Гостивар
-

Трамп: Ова е последна шанса иранскиот режим да потпише добар документ
-

Притвор за кратовчанката од Куклица: Наплаќала влез, нападнала полицајци и туристи
-

ИЈЗ: Ни доаѓа опасен топлотен бран, не излегувајте на сонце од 11 до 17 часот
-

На „Табановце“ за влез во државата се чека 30 минути, а на „Богородица“ за излез околу еден час
