Честитка од претседателот на Собранието Вељаноски по повод Св. Климент

Претседателот на Собранието на Република Македонија денеска, по повод празникот Св. Климент, упати честитка до членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, како и до сите православни верници.
- Со празнување на овој голем христијански празник го уважуваме целокупното црковно, просветно и книжевно творештво на Свети Климент Охридски. Неговиот труд е безвременски. Неговите дела се од непроценлива вредност. Создавањето на кирилското писмо просветли многу народи и стана движечка сила во христијанската богослужба. Со основањето на Охридската архиепископија и Охридската книжевна школа на најдобар начин се промовираа вредностите на православието, христијанскиот дух и верата на луѓето. Ние имаме должност да продолжиме во применувањето на овие цивилизациски придобивки на христијанството, наведува Вељаноски во честитката.
Денешниот христијански празник, додава, нека претставува уште поголем поттик за меѓусебно разбирање и промовирање на воспоставената традиција на заедничко почитување и помагање.
- Само на таков начин се гради иднина во која ќе се применуваат универзалните вредности и цивилизациски придобивки на христијанството и на човештвото. Заеднички да работиме за безгрижна и светла иднина на Република Македонија, порачува Вељаноски во честитката.
Ново на Сител
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
-

Министерот Азир Алиу во Дебар го означи почетокот на пилот-проектот за телемедицина во областа на дерматовенерологијата
-

Маѓар: Се уништуваат документи од владата во заминување на Орбан
