Честитка од премиерот Ковачевски по повод 11 Октомври

Честитка испрати и претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, тој со честитка објава на социјалните мрежи го честиташе Денота на народното востание - 11 Октомври.
„Нека ни е честит и вековит Денот на народното востание, 11 Октомври.
Денес го чествуваме почетокот на антифашистичкото востание и на Народноослободителната борба кога 1941-та, нашите херои, борците од НОБ, храбро и обединето ја избраа вистинската страна, страната на слободата, на правдата, на целокупното прогресивно човештво, на напредокот и конечно се изборија за слободарскиот идеал и мир.
Победничкото антифашистичко народноослободително движење, на првото заседание на АСНОМ го официјализира и идеалот за македонската држава и ние како граѓани, сме и мораме да бидеме вечно благодарни!
Го продолжуваме нивниот пат во истата насока, избирајќи го напредокот и мирот на државата и создавајќи подобар живот за сегашните и идните генерации.
Обединети, на вистинската страна продолжуваме напред! Нашите најголеми победи како во минатото, да ги направиме најголеми успеси во сегашноста и иднината.
Да живее Денот на народното востание 11 Октомври, да живеат граѓаните, да живее Република Северна Македонија!", стои во објавата на ФБ страницата на премиерот Ковачевски.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
