Честитка од министерот Јолевски за празникот Рамазан-Бајрам

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам, упати честитка до припадниците на Армијата на Република Македонија и до сите граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед.
- Мирот во душата, благосостојбата во семејството и ширењето на позитивните мисли за доброто на сите треба да бидат основата на нашето живеење. Нека овој голем празник ја потврди желбата за мир и меѓусебно разбирање како императив кој што сите граѓани на Република Македонија го негуваат со години, со децении, порача министерот Јолевски во честитката.
Армијата на Република Македонија, како столб на државноста, е дом на граѓаните на нашата татковина, без оглед на нивната етничка или религиозна припадност, стои во честитката од министерот.
Овој голем празник за припадниците на исламската вероисповед, истакнува тој, нека биде водилка за сите нас да ги негуваме вредностите кои отсекогаш биле дел од Македонија – толеранцијата, соживотот, мирот и еднаквоста.
Ново на Сител
-

Општина Кисела Вода го модернизира осветлувањето, ЛЕД светилки со паметен систем за контрола
-

МЗ: Предлог-законот за заштита од пушење не е удар по угостителството, туку заштита на правото на здраво работно место
-

Најмногу снег и најстудено на Попова Шапка
-

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции
-

Денеска се празнува Собор на Светите Седумдесет aпостоли
-

Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
-

Лазаров: Мораме да извлечеме добри поуки од натпреварот со Данска
-

Меѓународна научна конференција „Охрид- Водици 2026“
