Честитка од Иванов по повод еврејскиот празник Ханука
Претседателот Ѓорге Иванов по повод еврејскиот празник Ханука денеска упати честитка до Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејската заедница на Република Македонија, како и до сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија.

- Ми претставува особена чест и големо задоволство, Вам и на припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија, да Ви го честитам претстојниот празник Ханука. Ханука е празник кој ја слави победата на Макабејците над грчко-асирската војска, но тој го слави и триумфот над темнината и над злото, победата врз тиранијата и страдањата низ кои поминал еврејскиот народ. Следните осум дена, во кругот на фамилијата, палејќи ги свеќите на менората ќе се празнува слободата, заедницата и историјата. Славејќи го споменот на празникот на светлината го негувате наследството на Вашите предци, но и традицијата и вредностите за еднаквост и за слобода, се вели во честитката од Иванов.
Македонскиот претседател во деновите кои следат на сите припадници на Еврејската заедница им посакува празникот да го минат во весела семејна атмосфера.
Ново на Сител
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавни обвинители, СДСМ гласаа против
-

Седмоодделенец од Битола упатувал закани по живот на соучениците
-

Демографската слика во Македонија загрижувачка – Владата со 20 годишна стратегија за иднината на државата
-

Преглед на вестите од светот
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Македонија домаќин на Регионална конференција за справување со демографските промени
-

Муцунски: Услови за уставни измени нема
-

Берсе од Скопје: Наскоро решение за пресудите на ЕСЧП против Бугарија
