Честитка од Иванов до г.г. Стефан по повод празникот Богојавление - Водици

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов по повод големиот христијански празник Богојавление - Водици денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до сите верници од православна вероисповед.
- Одбележувајќи го денот, на кој според преданијата Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, го славиме крштевањето како една од светите тајни на христијанството. Чествувајќи го празникот на осветувањето на македонските води ја славиме традицијата на нашите предци која во себе ја содржи тајната која ни упатува дека преку покајание, љубов и добрина ја зацврстуваме верата, се наведува во честитката од претседателот Иванов.
Симболиката на чистината на водата и повторното духовно раѓање, како што нагласува Иванов, претставува повторно живеење во верата.
- Ваше Блаженство, честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите македонски граѓани кои го прославуваат празникот сакам да им порачам дека верата се потврдува со дела и преку љубов кон сите луѓе, стои во честитката од претседателот Иванов.
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека мировниот договор со Иран е речиси договорен, Техеран демантира дел од изјавите
-

Кои се светите браќа Кирил и Методиј и зошто ги славиме
-

Силни експлозии во Киев по предупредувањето за масовен руски напад со балистички ракети
-

Полска ја активираше воената авијација поради жестоките руски напади врз Украина
-

Приведени 23 лица по немирите во Белград
-

Пороен дожд, грмежи, северен ветер и услови за изолирана појава на град
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
